Уапсени поранешни НБА кошаркари: Сакале да ја измамат лигата, лажирале медицински услуги

Тони Ален освои шампионска титула со Бостон селтикс/ фото: EPA/CJ GUNTHER

Дури 18 поранешни кошаркари се уапсени во акција на американската полиција и се обвинети за измама.
Тие лажирале лекарски извештаи и со тоа сакале да ја измамат лигата и да наплатат околу четири милиони долари од здравственото осигурување на НБА.

Најпознати имиња кои се уапсени се тие на долгогодишниот играч на Мемфис гризлис, Тони Ален, потоа центарот Глен Дејвис, Дариус Мајлс и поранешниот НБА шампион Вил Бајнам.

Останатите кошаркари кои се уапсени се Милт Паласио кој еден дел од кариерата го помина играјќи во Партизан, Себастијан Телфер, Ентоан Рајт, Рубен Патерсон, Еди Робинсон, Грегори Смит, Џамарио Мун, Теренс Вилијамс, Алан Андерсон, Шенон Браун, Мелвин Илај, Кристофер Даглас-Робертс и Тони Ротен кој минатата сезона играше заедно со Нено Димитријевиќ во Хувентуд.

Кошаркарите се организирале уште во 2017 година и до 2020 година работеле заедно и поднесувале лажни барања за исплата за медицински и стоматолошки услуги кои никогаш не се случиле.

Лажните побарувања достигнале сума од 3.9 милиони долари, од што на кошаркарите им се исплатени 2.5 милиони долари.

Според телевизијата Ен-Би-Си, главен организатор на групата е Терел Вилијамс кои успеал да се поврзе со лекари за да добиваат лажни рецепти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот