Уапсени гостиварци- ограбиле викендичка во Маврово

Двајца гостиварци од селото Врапчиште се приведени, откако ограбиле куќа во Маврово, информира МВР.

Според информациите на полицијата, настанот се случил синоќа, а кражбата била извршена врз 26-годишна српска државјанка со иницијали М.А.

„Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на М.А.“, инфрмираат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот