Уапсени две лица што се обиделе да продадат 12 милијарди лозинки

Хакери/ Фото: ЕПА

Истрагата за овој случај започнала во август минатата година.

Две лица се уапсени во Холандија и Северна Ирска, под сомниение дека се обиделе да продадат 12 милијарди кориснички имиња и лозинки на интернет, информираше денес холандската полиција.

Вебстајтот на кој ги нуделе овие информации, „WeLeakInfo.com“, подоцна беше затворен од страна на ФБИ.

Првиот од уапсените е 22-годишен маж, кој од полицијата бол лоциран во холандскиот град Арнхем, откако полицијата добула информации од Специјалната единица за сајберкриминал на Холандија, која соработува со британските, американските и германските служби.

Вториот осомничен, исто така на 22-годишна возраст, е уапсен во Северна Ирска.

Полицијата изврши претрес во две куќи во Арнхем, вклучувајќи ја и таа на осомничениот, и пронајде професионална опрема која им овозможувала на криминалците да ги продаваат податоците на претходно споменатиот вебсајт.

Истрагата за овој случај започнала во август минатата година.

Сега затворениот вебсајт нудел неограничен пристап до сите бази на податоци со лозинки и кориснички имиња кои се објавени на него за 2 долари дневно или 25 долари месечно, тврди холандската телевизија НОС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот