Приведено лице / Фото: EPA/ALEXANDER BECHER

Уапсени две лица поради пуштање музика во локали за време на седумдневната жалост

Полицијата од Скопје вчера и денеска уапси две лица на возраст од 26 и 22 години, кои биле одговорни за работењето на два угостителски локали во скопски Центар каде се пуштало гласна музика за време на седумдневната жалост.

Во Скопје, на 21/22.03.2025 година, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.А.(26) од скопско и В.В.(22) од Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело по член 387 од Кривичниот законик. Тие, како одговорни лица во угостителски објекти во Центар, пуштале музика за време на седумдневната жалост прогласена од Владата- соопштија од  МВР.

Оттаму велат дека по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Владата прогласи седум дена на жалост минатата недела, по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот