Уапсени двајца тетовци кои попречувале полицајци при претрес

Фото: Независен

Двајца жители на Тетово се приведени откако во два одвоени случаи попречувале полицајци да извршат претреси, информира денес СВР Тетово.  Во првиот претрес на улица „Иво Лола Рибар” при преглед на четири лица и на две возила пронајдена е марихуана.

– Полицајците ги привеле четирите лица, но при тоа биле попречувани во вршење на службените дејствија околу лишување  четворицата од 23 годишник. Потоа и тој е приведе и задржан во полициска станица. Меѓу четворицата приведени се двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години како и А.Ј (25) и К.Ш (20) од Селце – информираат од СВР Тетово.

Нешто подоцна друга полициска екипа на улицата „113″ при обид да изврши контрола и претрес на насобрана група лица привела 26 годишник од градот кој им сакал да ги попречи во извршувањето на претресите. Тој во алкохолизирана состојба ги навредувал и омаловажувал полициските службеници при вршење на службени дејствија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот