Уапсени двајца патници на летот Амстердам-Ибица: Одбиле да носат маски, почнала тепачка (ВИДЕО)

На летот на холандската авиокомпанија КЛМ од Амстердам кон Ибица се случи тепачка откако двајца патници одбиле да стават заштитни маски.

Патниците помогнале да бидат совладани двете лица, кои по слетувањето на Ибица се уапсени од страна на шпанската полиција.

– Двајца непристојни патници одбиле да носат маски и физички и вербално ги вознемирувале другите патници, изјави портпаролот на КЛМ.

Тој додаде дека не била загрозена безбедноста на летот.

Носењето маски е задолжително на летовите на КЛМ, како и на сите аеродроми во Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот