Уапсени двајца Арачиновци, се обиделе да прегазат полицаец во Куманово

Фото: МИА

Во саботата околу 22:30 часот во село Никуштак, општина Липково, полициски службеници ги лишиле од слобода И.С.(48) и Б.С.(23), двајцата од село Арачиново, соопшти МВР.

Лица два часа претходно, околу 20:30 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово одбиле да се легитимираат и со возило се обиделе да удрат полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.

Арачиновците биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот