Уапсени двајца скопјани, полицијата им нашла автоматска пушка, пиштоли, муниција…

Фото: МВР / илустрација

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Г.М. (36) од Скопје за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, и против А.М. (42) од Скопје за кривично дело „соизвршителство“, соопшти полицијата.

„При претрес на 17.10.2024 во домот и помошните простории на Г.М., полициските службеници пронашле и одзеле голем арсенал оружје и муниција. Меѓу запленетите предмети се наоѓаат автоматска пушка со две рамки, револвер „Смит“ 357, пиштол „Сиг“ 226 со една рамка, пиштол „Берета“ калибар 9 мм со една рамка, ловна пушка, пиштол „Блов“ калибар 9 мм, како и 409 куршуми со различен калибар. Оружјето Г.М. го набавил од второпријавениот А.М., а го чувал без соодветна дозвола“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот