Уапсени двајца разбојници од Скопје

Полиција / Фото: МВР

На 28.01.2023 полициски службеници од Полициската станица Центар и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.М.(42) и Е.М.(20), двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека претходно извршиле кривично дело „разбојништо”, при што од З.С.(19) од Скопје, одзеле пари. Притоа, кај С.М. биле пронајдени одземените пари и ќе бидат вратени на сопственикот.

Двете лица се задржани во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот