Уапсени двајца прилепчани за нелегално поседување оружје

Вчера полициски службеници од полициското одделение Чашка ги уапсиле М.Ѓ.(59) и Д.Т.(36), двајцата од Прилеп. При контрола на возило „лада нива” управувано од М.Ѓ., каде како сопатник бил Д.Т., извршена околу 17 часот на подрачјето на с.Степанци, Чашка, во близина на манастирот „Св.Димитрија”, се пронајдени две ловни пушки и соодветна муниција за кои двете лица не поседувале дозвола. Лицата се приведени, оружјето им е одземено и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Видео на денот