Уапсени дилери во Хрватска: Македонец, Србин и четворица Хрвати на хероин заработиле 80.000 евра

Запленета дрога/ Фото EPA-EFE/NARONG SANGNAK

Хрватската полиција разоткри шестчлено злосторничко здружение чии членови, меѓу кои еден Македонец и еден Србин, се обвинети дека од септември минатата година шверцувале хероин во Хрватска, а потоа го продавале на наркопазарот во окрузите Истра, Загреб и Сплитско-далматинската жупанија, јави хрватската новинска агенција ХИНА.

При апсењето од осомничените одземени се 3,9 килограми хероин.

Полицијата сомничи 43-годишен државјанин на Северна Македонија, 59-годишен државјанин на Србија и четворица хрватски државјани на возраст од 66, 49, 47 и 42 години за неовластено производство и тргување со дрога како дел од злосторничко здружување.

Осомничените набавувале хероин од една земјите од Југоисточна Европа, па го прошверцувале на територијата на три хрватски жупанија.

Заработиле најмалку 80 илјади евра

Истарската полиција спроведе повеќемесечна кривична истрага против шест лица во соработка со колегите од полицијата на Загреб и сплитско – далматинската како и Националната полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал, во координација со УСКОК.

Тројца осомничени се уапсени во областа на Загреб и по еден истарското и сплитско-далматинското  подрачје, а при претресот на нивните домови и возила, заедно со 3,9 килограми хероин, пронајдени се и пари за кои постои сомневање дека потекнуваат од трговија со дрога.

Од продажба на 4,2 килограми хероин заработиле најмалку 80.000 евра кои ги поделиле меѓу себе, извести УСКОК, кој врз основа на кривичната пријава на истарската полиција донел решение за спроведување истражна постапка против осомничените и побарал мерка  притвор за нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот