Уапсени четворица криминалци барани со потерници за 41 година затвор

Затвор / Фото: МИА

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потраги со асистенција на Единицата за специјални задачи за помалку од 24 часа приведоа четворица криминалци барани со потерници за издржување затворска казна во траење од 41 година.

Ноќва после полноќ во 03 часот, постапувајќи по Оперативната акција „Бегалец“ полициски службеници од СМПС-Отсек за потрага во близина на граничен премин Табановце го приведоа М.З. (39) Скопје по распишана меѓународна потерница во врска повеќе кривични дела и ефективна затворска казна од 19 години

Исто така, ноќва во 02 часот после полноќ полициски службеници од СМПС – Отсек за потрага со асистенција на Единица за специјални задачи го приведоа А.Ф. (28) од Скопје баран со две централни и меѓународна потерница за вкупна казна затвор од девет  години и шест месеци во КПУ Затвор Идризово.

Вчера во 14:50 часот, полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка-Отсек за потраги со асистенција на Единицата за специјални задачи на ул.„Страшо Пинџур“ бб го приведоа Г.Е. (43) од Тетово кој се барал со меѓународна потерница од 2008 година од Основен суд Тетово, за издржување затворска казна од 6 години и 5 месеци затвор во врска со член 123 ст.1 од КЗ на РСМ, а се барал од 2008 година.

Вчера во 10:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка -Отсек за потрага со асистенција на Единицата за специјални задачи во село Требош-тетовско го приведоа Р.Ф. (47) од с.Требош, кој се барал со меѓународна потерница од Основен суд Тетово во врска со чл.418а ст.2  од КЗ на РСМ за затворска казна од шест години.. Лицето е спроведено во казнено поправна установа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот