УАПСЕНИ адвокати, директори, банкари и административци, ЗАВИСНИЦИ ОД КОКАИН

МВР извести дека уапсилa група која во Скопје и околината продавала дрога. Кривична е поднесенa против И.Ј. (41), Б.Ј. (31) двајцата од населбата Ченто, Н.М (37) од Чаир и Д.Р. (19) од село Арачиново. Тие се осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

МВР тврди дека во изминативе три месеци траела тајната акција која имала за цел сузбивање на четиричлената криминална група, која била добро организирана со строга хиерархиска поставеност, а набавувала голема количина кокаин, кој потоа бил препакуван, мешан и продаван на корисници на подрачјето на Град Скопје.

„Преку продажбата на кокаин, овие лица стекнале голема сума пари кои ги инвестирале во купување на луксузни моторни возила, станови и изградба на куќи. Документирано е и дека оваа група користела  инасилство и закани кон лица-корисници на кокаин, кои навремено не плаќале за набавениот кокаин.

За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување, обезбедени се голем број на материјални докази и документирани се бројни купопродажби на кокаин кон менаџери на кафе барови, ноќни клубови и ресторани, потоа адвокати, директори, банкари и вработени во јавна администрација, при што лишени од слобода беа 12 лица. Во контекст на ова, а во рамки на истрагата претходно поднесени се две кривични пријави до ОЈО Скопје и ОЈО Куманово, против две лица од кои едно лице вработено на висока позиција во Царинската управа за сторено кривично дело за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за овозможување на употреба на наркотични дроги.

Беа извршени претреси на повеќе локации во населбите Чаир и Ченто и село Грушино, скопско. Операцијата оптпочна во момент кога лидерот на криминалната група се обиде да избега од државава, а е уапсен на меѓународниот аеродром „Скопје“ со голема сума пари. Исто така уапсени се и членови на групата, а по еден од групата се трага.

Од извршените претреси пронајдени и привремено одземени се: одредена количина на кокаин, парични средства (6.300 швајцарски франци, 150 САД долари, 150 Евра и 28.500,00 денари), пет луксузни патнички возила (марка Јагуар, БМВ, Ауди А8, Шевролет Калос и Сеат Алтеа), еден пиштол марка „карл валтер“, две пушки и 52 куршуми различен калибар, два панцира, две мали дигитални ваги, повеќе мобилни телефони, држачи за сим картици, две УСБ-еа и документација за возило. Количината и квалитетот на пронајдениот и одземен кокаин дополнитело ќе биде утврден со крим-техничко вештачење“, извести МВР.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот