Уапсени 29 лица заради криумчарење на мигранти и трговија со дрога

Шпанската и француската полиција со поддршка на Еуропол разбија голема криминална мрежа вмешана во криумчарење на мигранти, трговија со луѓе и дрога, а уапсени се 29 луѓе.

На организираната криминална група цел и биле малолетници во прифатните центри во Шпанија. Тие ги поттикнувале малолетниците да побегнат од центарот и да тргнат во опасни патувања кон западна Европа, соопшти Еуропол.

Криминална група користела регрутери од различни земји за таргетирање на мигранти од своите национални групи (Алжирци, Мароканци, Сиријци, и граѓани на Мали).

Нелегалните мигранти се превезувани од шпанското пристаниште Алмерија во Франција со автобуси во сопствеништво на компании кои се наоѓаат во Франција, Мароко и Шпанија.

Криминалната група ги користела автобусите за криумчирање на хашиш, тутун и уловени животни, кои биле скриени во посебни отвори за шверцување во возилата.

Истрагата почнала со апсење на шпански државјанин во Франција кој возел автобус со 22 илегални мигранти од кои шест малолетници, соопшти Еуропол.

Операцијата резултирала со апсење на 26 осомничени во Шпанија и тројца во Франција, 14 претреси на куќи и заплена на 33.000 евра, повеќе од 200 килограми дрога, како и разни документи и компјутерска опрема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот