Уапсени 250 рибари од Северна Кореја во Русија за нелегален риболов во ексклузивна зона – Слободен печат
ВестиПланета

Уапсени 250 рибари од Северна Кореја во Русија за нелегален риболов во ексклузивна зона

Рибарите, кои биле во 16 бродови, се приведени поради нелегален риболов на пацифички лигњи во ексклузивната економска зона на Русија.

Граничари на руската Федерална служба за безбедност приведоа повеќе од 250 рибари од Северна Кореја на брегот на Приморскиот регион на Далечниот исток во Русија.

Рибарите, кои биле во 16 бродови, се приведени поради нелегален риболов на пацифички лигњи во ексклузивната економска зона на Русија.

На почетокот од месецот тајфун го погоди регионот Приморје и повече од 500 бродови влегоа во руските територијални води повикувајќи се на меѓународното поморско правило да почекаат да помине бурата.

Бродовите првенствено од Јужна и Северна Кореја впловиле во заливите Олег и Владимир, како и во заловот во близина на градот Морјак-Рјблов.

По бурата бродовите заминаа од подрачјето, но околу сто бродови останале и илегално рибареле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close