Уапсени 12 лица кои преправени во ракометен тим сакале да заминат од Атина во европска земја

Со фалсификувани пасоши, со исти тренерки и торби, 12 лица, преправени во ракометен тим, сакале од атинскиот аеродром да патуваат во европска земја, но биле уапсени од полицијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека од уапсените, 11 имале странски пасоши во кои страницата со лични податоци била заменета со друга, фалсификувана страница со нивна фотографија, а еден бил со оригинален пасош, но издаден на друго лице.

-Со цел да ги измамат полициските власти и да го избегнат нивното внимание, горенаведените, пристигнаа заедно, облечени во иста спортска гардероба и носеа исти спортски торби за да личат на ракометен тим, соопштуваат пд грчката полиција и додаваат дека по извршената проверка и контрола било констатирано дека не припаѓаат на некој спортски клуб.

Според грчките медиуми, станува збор за бегалци од Сирија, кои со фалсификувани бугарски пасоши, сакале од Атина, авионски да стигнат во Виена.

Ова е втор идентичен случај во Грција, бегалци од Сирија преправени во спортски тим да се обидат да излезат од земјата.

На крајот од септември минатата година, како што тогаш објави МИА, беа уапсени десет лица, исто така од Сирија, кои облечени во исти тренерки, со исти торби и две топки во рацете, преправени во одбојкарски со украдени пасоши сакаа авионски од Атина да стигнат во Цирих.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот