Уапсени 12 дилери на дрога и оружје, меѓу нив и полицаец

Полиција / Фото: МВР

Дванаесет уапсени скопјани, меѓу нив и еден полицаец, а пронајдено е и големо количество на оружје, но и дрога. Ова е досегашниот епилог од полициската акција која е реализирана рано утринава во скопската населба Сингелиќ и околните населби. Акцијата е реализирана по наредба на Јавното обвинителство. Мета биле трговци на оружје.

Како што дознаваме, во некои од домовите на сега уапсените е пронајдена одредена количина на наркотици. Дилерите на дрогата и оружјето се уапсени и веќе се на распит во полициска станица, а од МВР повеќе детали за акција најавија во текот на денешниот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот