Уапсени 12 членови на најголемата нарко банда во Мадрид, запленети се 600 килограми кокаин

Фото: Шпанска полиција/ LA VOZ DE GALICIA TWITTER / SCREENSHOT

Шпанската полиција уапси 12 членови на најголемата нарко банда во Мадрид и заплени автомобил „ферари” вреден 250.000 евра, арсенал огнено оружје и јапонски меч.

Како што се наведува, во серијата претреси се запленети и три ками, неколку автоматски пушки и 600 килограми кокаин. Меѓу запленетите предмети биле и 20 скапоцени автомобили, како и 700.000 евра готовина.

Во соопштението се наведува дека бандата била многу насилна.

Полицијата, исто така, тврди дека „адвокат за дрога” вршел незаконски активности за таа организација.

Членовите на бандата користеле шифрирани имиња, а живееле во луксузни објекти.

– Истражните органи утврдија дека станува збор за најголема организација за дистрибуција на кокаин во Мадрид, се наведува во полициското соопштение.

Шефот на организацијата, кој по потекло е од Мароко, бил поврзан со банди во Колумбија, Мароко, Шпанија и земји во северниот дел на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот