Уапсени 11 лица на протест во Лондон заради убиството на афроамериканецот Флојд во Минеаполис

Во Лондон и во неколку други британски градови синоќа се одржаа протести за поддршка на демонстрациите во САД што избувнаа по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, кој умре за време на брутално полициско апсење во Минеаполис. Само во британската престолнина синоќа беа уапсени 11 демонстранти.

Полицијата во Лондон соопшти дека апсењата биле поради напади врз полицајци или носење оружје и дека сите уапсени биле на возраст меѓу 17 и 25 години, пренесува британски „Сан”.

Учесниците прво се собраа на плоштадот Трафалгар, а потоа, преку Вестмистер, стигнаа до американската амбасада во Лондон, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Нема место за расизам” и „Без правда нема мир”.

Како што наведуваат британските мдиуми, протестите беа претежно мирни, а на нив многугумина  носеа маски за лице и ги кренаа тупаниците во знак на протест.

Покрај Лондон, протести имаше и во Манчестер и Кардиф, како и во Франција, Германија и Данска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот