Уапсени 10 лица за финансирање тероризам во Италија

Profimedia
Затвор / Фото: Профимедиа

Италијанската полиција уапси 10 лица во провинцијата Абруко поради даночен криминал и перење пари. Постои сомнение дека целта на овие дела е да се финансираат исламски екстремистички групи.

Инспекторите на денешната прес-конференција соопштија дека осуммина Тунижани и двајца Италијанци се осомничени дека финансирале активности со „огромни суми пари”, а кои биле поврзани со радикалната исламистичка организација Ал-Нусра.

Според обвинителите, уапсените лица, меѓу кои и имамот на џамијата Дар Асалам во близина на градот Терам и еден италијански сметководител, ги користеле парите собрани од затајување данок за да финансираат екстремистички групи во Сирија и некои радикални имами со седиште во Италија.

Властите велат дека сите 10 лица кои се приведени се под истрага за наводно перење пари во терористички цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот