Уапсени 10 лица за финансирање тероризам во Италија
Слободен печат
Пред
Затвор / Фото: Профимедиа
Италијанската полиција уапси 10 лица во провинцијата Абруко поради даночен криминал и перење пари. Постои сомнение дека целта на овие дела е да се финансираат исламски екстремистички групи.
Инспекторите на денешната прес-конференција соопштија дека осуммина Тунижани и двајца Италијанци се осомничени дека финансирале активности со „огромни суми пари”, а кои биле поврзани со радикалната исламистичка организација Ал-Нусра.
Според обвинителите, уапсените лица, меѓу кои и имамот на џамијата Дар Асалам во близина на градот Терам и еден италијански сметководител, ги користеле парите собрани од затајување данок за да финансираат екстремистички групи во Сирија и некои радикални имами со седиште во Италија.
Властите велат дека сите 10 лица кои се приведени се под истрага за наводно перење пари во терористички цели.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Зијадин Села и Али Ахмети се очекува да си подадат рака за предизборна соработка в сабота откако попладнево партиските органи на ДУИ и на дел од Алијанса за Албанците се очекуваше да дадат виза за заеднички изборен настап во Европскиот фронт. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Одлуката Алијанса на избори да оди со …
Никотинските кесички популарни под името „снус“ и електронски цигари познато како „вејп“ се тренд кај тинејџерите. Малолетниците никако не смеат да ги користат овие производи бидејќи се штетни по здравјето, дециден е д-р Мартин Петровски од Институтот за јавно здравје. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Овие модерни производи младите ги купуваат без проблем …