Уапсената крадливка од Скопје „оперирала“ кај жени, се претставувала како попишувач и медицинска сестра

35-годишната жена од Скопје за која полицијата вчера објави извршила неколку кражби и измами, лажно се претставувала како попишувачка, медицинска сестра, пациент и роднина, а жртви и биле исклучиво други жени.

Таа е осомничена за шест тешки кражби во кои украла 28 илјади денари и две кредитни картички во период од 18 дена, соопшти Обвинителството, кое за неа бара притвор.

Жената ги искористила и епидемијата на коронавирусот и пописот за да ги измами ограбените жртви, а некои од нив дури и ја пуштиле во нивните домови.

„Осомничената, на 3 септември, на автобуска постојка кај пазарот во населбата Ченто, се доближила до една оштетена и по краток разговор со неа искористила момент на невнимание и ѝ ја одзела торбата во која имало паричник со картичка и пари, како и еден дуксер, во вкупна вредност од 6.000 денари.

На 8 септември, пријавената дошла во куќа на улица „Кавадарска“ во Скопје, на сопственикот му се претставила како медицинска сестра која дошла да го прегледа и да му стави облоги на нозете. Додека тој се подготвувал за преглед, таа од домот украла паричник со 16.000 денари.

На 9 и 10 септември, пак, влегла во два дома, претставувајќи се како попишувач од пописна комисија. На сопствениците им барала сертификат за вакцинација и додека тие го барале сертификатот, им ги одзела паричниците во кои имало банкарски картички.

Во куќата на друга оштетена, на 14 септември, осомничената се претставила како внука на сосетката, па искористувајќи момент кога сопственичката на кратко ја напуштила просторијата, одзела паричник со околу 3.000 денари.

На 21 септември осомничената се доближила до една оштетена пред аптека во Сингелиќ, ја замолила да ѝ даде пари за лекови, па ѝ го грабнала паричникот, во кој имало 3.000 денари“, велат од Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот