Уапсена жената која предизвика хаос на Тур де Франс

принтскрин/твитер

Француската полиција успеа да ја пронајде и уапси жената која ја предизвика една од најголемите несреќи во историјата на најпознатата велосипедска трка, Тур де Франс.
Полицијата не сакаше да го открие идентитетот на личноста која со својот транспарент собори еден велосипедист што потоа предизвика пад на неколку десетици други велосипедисти.

Како што јавува францускиот РТЛ, жената се наоѓа во полициски притвор во Ландерно кој се наоѓа во областа Бретања. Јавноста но и полицијата стравуваа дека нема да може да се дознае идентитетот на жената која предизвика несреќа на Тур де Франс, но за нивна среќа тие ја уапсиле на најблискиот аеродром кој се наоѓа во Брест. Бидејќи аеродромот во Брест е помал, поради пандемијата на коронавирусот од него не се дозволени меѓународни летови, туку летови само до Париз, Бордо, Лион и Марсеј.

– Работите околу случајот напредуваат добро и наскоро ќе успееме да ја објасниме ситуацијата на најразумен начин. Засега сослушавме неколку сведоци и тоа се што можам да ви кажам – изјави јавниот обвинител во Брест, Камил Мансони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот