Уапсена жена која грабнала бебе во ГТЦ и избегала со такси

Бебе
Илустративна фотографија на бебе / Фото: Unsplash

Полицајци денеска ја уапсиле С.С. од Скопје, набргу откако добиле пријава дека околу 11.30 часот, жената грабнала бебе од Ѓ.Б., мајката, која го оставила пред маркет во Градски трговски центар. Киднаперката потоа со такси избегала од ГТЦ.

Како што сооопшти МВР, детето и С.С. се пронајдени во Ѓорче Петров, а С.С. е приведена во полициска станица. Полицијата веднаш го известила надлежниот јавниот обвинител.

„Извршен е разговор со сопругот на пријавителката, како и со возачот на такси возилото со кое С.С. заминала кон Ѓорче Петров. Против С.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство и таа по брза постапка ќе биде изнесена пред надлежен судија“, соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот