УАПСЕНА ЖЕНА КОЈА ГИ КРИТИКУВАЛА ЕГИПЕТСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ И НЕГОВАТА СОПРУГА: Обвинета е дека шири лажни вести

Фото: EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Египетските власти уапсиле жена, која преку видео клипови ги критикувала египетскиот претседател, Абдел Фатах ал Сиси, како и неговоата сопруга, информирала денеска тамошната полиција, пренесуваат египетските медиуми.

Жената била уапсена во својот дом во средата навечер со образложение дека шири лажни вести, пренесува агенцијата АП.

Таа во претходните неколку недели преку видеа кои ги објавувала на Јутјуб, зборувала дека Сиси е неуспешен и ја исмевала и неговата сопруга користејќи непристоен речник.

Во тие видеа, жената зборувала и за злоупотребата на јавни средства и се жалела на човековите права, а нејзините видеа достигнале десетици илјади прегледи.

Како што се пренесува, апсењето на жената следувало воочи претставување на извештајот на Обединетите Нации за човековите права во Египет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот