Уапсена скопјанка: Полицијата откри дрога во нејзиниот дом

Речиси 45,1 отсто од оперативните сознанија што дошле до македонската полиција во текот на 2021 година се однесуваат на недозволена трговија со марихуана, па затоа најзастапена е заплената на марихуаната / Илустративна фотографија

Уапсена е скопјанка поради поседување марихуана, при претрес во нејзиниот дом полициски службеници открија и одземаа марихуана, информира МВР.

-На 16.01.2020 полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.Л.(36) од Скопје, затоа што при претрес во нејзиниот дом во населбата Карпош била пронајдена и одземена марихуана- наведуваат од МВР во дневниот билтен.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот