Уапсена поранешната девојка на Епстајн: Ќерката на богатиот тајкун посредувала малолетнички на богати луѓе!

Фото: Профимедиа

ФБИ ја уапси Гилејн Максвел, поранешната девојка и соработничка на американскиот финансиер и осудуван педофил, Џефри Епстајн.

Таа била уапсена во Бедфорд, во Њу Шемпшир, под обвинение дека заесно со Епстајн сексуално злоставувале малолетнички.

Уште кога беше уапсен Епстајн минатиот јули, Максвел се држеше понастрана од јавноста и долго не се знаеше каде се наоѓа.

Фото: Профимедиа

Да потсетиме, во август минатата година Епстајн изврши самоубиство во максимално обезбедниот затвор во Њујорк, а многумина сметаат дека се работи за убиство.

Гилејн Максвел беше најмладото дете од деветте деца на Роберт Максвел, медиумскиот тајкун и некогашен политичар. Се зборуваше дека токму Гилејн било негово омилено дете, па една од јахтите ја нарекол токму по неа и дека и го дал фудбалскиот клуб Оксфорд Јунајтед таа да го управува.

Максвел почина во 1991 година по големиот скандал каде е откриено дека украл пари од пензискиот фонд на своите вработени. Станувало збор за измама вредна 460 милиони долари.

Фото: Профимедиа

Влијанието и репутацијата на ова британско семејство значително паднало по скандалот. Гилејн се преселила во САД, а во раните 90-ти го запознала и Епстајн со кој почнала да се забавува откако раскинала со еден италијански милионер.

На почетокот нивната врска била роматнична, но подоцна Гилејн на Епстајн му станала соработник и личност од доверба.

Епстајн и купил стан од 5 милиони долари на Менхетен, а таа редовно го пратела на неговите патувања ширум светот. Станала дел од светскиот џет-сет, па често ја гледале и во друштво на Доналд Трамп и принцот Ендру и многу други.

Многу девојки тврдат дека Максвел имала задача да врбува девојки за оргии и масажа за Епстајн и неговото богато друштво.

Наводно, најновите обвинувања содржат документи на 2.000 страници. Вирџинија Џуфре Робертс тврди дека била регрутирана од Максвел да работи како масерка за Епстајн кога имала само 15 години. Како што тврди, Максвел работела како „мадам“.

Иако Епстајн бил обвинет за подведување на проституција и сексуално злоставување, Максвел водела нормален живот, а во 2010 година таа дури присуствувала на венчавката на Челси Клинтон, ќерката на Бил и Хилари Клинтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот