Уапсена поранешна хрватска министерка поради проневера со пари

Хрватска полиција
Полиција, Хрватска / Фото: Профимедиа/Илустрација

По наредба на европскиот јавен обвинител, хрватската полиција денеска ја уапси поранешната министерка за регионален развој и Фондот на ЕУ Габриела Жалац од Хрватската демократска заедница (ХДЗ), како и директорот на Централната агенција за финансирање и склучување договори за програми и проекти на ЕУ ( CFCA) Томислав Петриќ и уште двајца други, пренесува Бета.рс.

Европското јавно обвинителство во Хрватска соопшти дека четворицата уапсени се осомничени за кривични дела во Министерството за регионален развој и фондовите на ЕУ, како и во Централната агенција за финансирање и склучување договори на програми и проекти на ЕУ (CFCA), поврзани со јавните постапки за набавка.

Во соопштението се додава дека во тек се „итни доказни дејствија“, а по распит на осомничените, јавното обвинителство ќе донесе одлука за понатамошни дејствија.

Како што пишуваат хрватските медиуми, станува збор за проект за развој на софтвер вреден околу 16,2 милиони куни, кој и е доделен на компанијата Ампелос во 2018 година, за време на мандатот на Габриела Жалац.

Аферите со Ампелос

По наредба на Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител, новоформираното тело кое се занимава со проневера во кои се оштетени европските фондови, пред дваесетина дена од просториите на Министерството беше отстранета документација поврзана со аферите со Ампелос.

Медиумите претходно пишуваа дека компанијата имала само еден вработен пред да ја добие работата од Министерството и моментално се бори со блокадите.

Поради бројните скандали што ја следеа, Жалац го напушти Министерството во 2019 година, но таа се уште е член на Претседателството на владејачката ХДЗ.

Премиерот и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека е изненаден од апсењето на Габриела Жалац, но дека постои презумпција на невиност.

„Нашата работа е да се бориме против корупцијата“, додаде Пленковиќ.

Опозицијата остро ја критикуваше ХДЗ велејќи дека нема разлика меѓу ХДЗ на Пленковиќ и Санадер.

Маријана Пуљак од партијата на Центар оцени дека „единствената разлика е во тоа што ХДЗ на Санадер манипулирала и осакатувала пари од хрватскиот буџет, а на Пленковиќ и од хрватскиот и од европскиот буџет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот