Уапсена „онлајн“ банда од Косово, мета им биле државјани на Германија

Специјалното обвинителство во Приштина објави дека осомничените во овој случај намамиле и измамиле државјани на Германија преку онлајн платформата „Центар за повици“ која нуди инвестиции во разни акции, како и во криптовалути, понуди кои во овој случај биле измислени.

Косовската полиција уапси осумчлена криминална група која е осомничена за измама и проневера на големи количини пари.

Специјалното обвинителство во Приштина објави дека осомничените во овој случај намамиле и измамиле државјани на Германија преку онлајн платформата „Центар за повици“ која нуди инвестиции во разни акции, како и во криптовалути, понуди кои во овој случај биле измислени.

Во полициската акција се претресени 17 различни локации во Приштина и Феризај. Досега осуммина се уапсени. Уапсените лица се однесени во притвор по наредба на обвинителот, а се очекува да се појават пред истражен судија.

Специјалното обвинителство во Приштина ја спроведе акцијата во соработка со полициски истражители и генералниот обвинител во Бамберг, Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот