Уапсена новинарка во Турција за воена и политичка шпионажа

Во Турција е уапсена новинарката Мујашер Јилдиз, која ја чека судење за „воена и политичка шпионажа”, објави денеска турската новинска агенција Анадолија.

Уредничката на порталот ОдаТВ, Јилдиз била приведена во понеделникот, а службено е уапсена вчера по испитувањето.

Заедно со Јилдиз биле приведени на испитувања и новинарот Исмаил Дукел од ТЕЛЕ1, кој подоцна е ослободен и еден воен командант, но за него не се објавени детали.

Порталот Ода ТВ е критичен кон Владата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Турција е една од земјите каде најмногу се затвораат новинари.

Од 2016 година околу 8.000 лица чекаат судење, додека 150.000 јавни службеници, припадници на војската и други добија отказ или беа суспендирани поради сомнение дека учествувале во обидот за државен удар во јули 2016 година.Според Анкара главниот организатор на државниот удар е Фејтулах Ѓулен, живее во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот