Уапсена мајката на девојчето кое со нож расече соученичка во Србија

Полиција во Србија/Фото: Скриншот

Српската полиција попладнево ја приведе мајката на девојчето кое ов училиште во Зрењанин со нож нападна соученичка.

Таа е лишена од слобода по наредба на главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Зрењанин поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице.

Претпладнево во основното училиште „2 Октомври“ во Зрењанин, во женскиот тоалет, нејзината тринаесетгодишна ќерка со нож расекло по грбот дванаесетгодишна соученичка, велат од полицијата.

Д.В. со кривична пријава ќе биде изведена во Основното јавно обвинителство во Зрењанин. Инцидентот се случи денеска во Основното училиште „2-ри Октомври“ во Зрењанин.

Зрењанин: Девојче во основно училиште со нож повредило соученичка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот