Уапсена египетска новинарка за време на интерју пред затвор

Аталах имала интерјвју со мајка на затворен активист пред затворскиот комплекс во Каиро.

Египетскиот портал „Мада Маср” денеска објави дека е уапсена неговата главната уредничка Лина Аталах пред каирскиот затворски комплекс Тора, за време на интервју со мајка на еден затворен активист.

„Мада Маср”, е еден од најголемите истражувачки портали во Египет.

Аталах е одведена во полициска станица, а утре ќе биде сослушана. Таа разговарала со Лејла Суеиф, мајка на активистот Ала Абд ел Фатах, кој е осуден на петгодишна затворска казна поради кршење на забраната за протести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот