Уапсена белоруската опозиционерка Кoлесникова

Марија Колесникова / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Француската агенција АФП ги пренесува зборовите на граничната полиција дека Кoлесникава била уапсена на границата, а на нејзините соработници им било дозволено да ја напуштат земјата.

Тројца белоруски опозициски политичари, вклучително и Марија Калесникова, која исчезна вчера, пристигнале на границата на Белорусија со Украина, но Кoлесникова е приведена, пренесоа Ројтерс и Франс Прес, повикувајќи се на белоруската гранична полиција.

Маскирани лица вчера ја уапсија Кoлесникава во центарот на Минск и ја однесоа со комбе, а двајца нејзини соработници исчезнаа подоцна, објави опозициското движење.

Француската агенција АФП ги пренесува зборовите на граничната полиција дека Калесникава била уапсена на границата, а на нејзините соработници им било дозволено да ја напуштат земјата.

„Калесникава е во притвор“, рече портпаролот на граничната полиција Антон Бијчковски.

-Не можам да кажам точно зошто, но таа беше приведена“, рече тој за Ројтерс телефонски, додавајќи: „Таа беше приведена во врска со околностите под кои (групата) ја напушти територијата на Белорусија.

Кoлесникава е последната од трите жени што учествуваа во претседателската кампања против сегашниот шеф на државата Александар Лукашенко.

Другите двајца кандидати, Светлана Тихановскаја и Вероника Чепкало, побегнаа од земјата.

Независниот белоруски медиум Тут.би вчера објави дека 38-годишната Калесникава била киднапирана од улица во центарот на Минск вчера наутро. Таа е член на координативниот совет на Тихановскаја, кој што бара преговори за мирно предавање на власта во Белорусија.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел истакна дека белоруските власти презеле „брутални чекори“ против Кoлесникава и другите претставници на опозицијата.

ЕУ ги прогласи изборите на 9 август „ниту слободни ниту фер“ и постојано го осудува насилството на владата врз демонстрантите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот