Уапсен затворски бегалец

Вчера на скопскиот меѓународен аеродром бил уапсен Д.Н., по кого била распишана потерница со мерка: Апси!

– При проверка на личните податоци, на граничниот премин „Аеродром – Скопје“, полицијата го лишила од слобода лицето Д.Н. (31) од Свети Николе, бидејќи тој бил дел од таканаречената „Стоп“ листа, во која била назначена мерката „апси“, направена од страна на Одделение за потраги од Свети Николе – велат од полиција.

Уапсениот им бил предаден на полициските служби во Скопје кој го спровеле во казнено-поправната установа во Штип на одслужување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот