-8 C
Скопје

Уапсен велешанец кој на 3. мај опожари автомобил

Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал во соработка со СВР Велес по наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Велес изврши претрес во домот на Ѓ.П. во велешкото село Ореше заради сомнение за извршени кривични дела недозволено изработување, држење, поседување и тргување со оружје и распрскувачки материјали по член 396 и предизвикување општа опасност по член 288 од Казнетиот Закон.

Како што информира Тони Ангелов портпарол на МВР, при претресот полицијата принашла предмети поврзани со истрагата, а лицето било приведено во Полициска станица Велес.

Против Ѓ.П. до ОЈО Велес е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предизвикување општа опасност со опожарување на моторно возило „Опел зафира” на 3 мај годинава,во село Ореше, информира Ангелов.

Прочитајте и...  Инцидент во тетовско: Момче од Челопек пукал со автоматска пушка по расправија со сосед, при претресот му нашле и дрога

Поврзани вести

Осуденик фатен со кокаин во Штип

Слободен печат

Инцидент во болница во Штип: Нападнато лице од вработена

Слободен печат

Притвор за 24-годишник од Челопек кој пукал по расправија со соседот

Слободен печат

ОЈО поднесе обвинение против маж за убиство на својата сопруга

Слободен печат

Инцидент во тетовско: Момче од Челопек пукал со автоматска пушка по расправија со сосед, при претресот му нашле и дрога

Слободен печат

Денеска нема „Монструм“ во Кривичен: Рочиштето одложено поради позитивен поротник на ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар