Уапсен Турчин кој пренесувал полн камион марихуана – крајната дестинација му била Македонија

Фото: Царинска управа на Србија

Цариниците на Србија открија камион на граничниот премин Хоргош со Унгарија во кој имало 10.000 стебла марихуана, соопшти денес Царинската управа на оваа земја, пренесува српски „Курир“.

Како што се наведува, станува збор за камион со австриски регистарски ознаки со кој управувал турски државјанин, а прекршокот е откриен на 10 декември.

Фото: Царинска управа на Србија

– Тој тврдеше дека за стеблата канабис кои од Австрија ги пренесувал кон Македонија има неопходни дозволи, но цариниците утврдија дека тоа не е случај и започнаа итна процедура за проверка – стои во соопштението.

Откако преку Министерството за здравство на Србија стигнало одговор од надлежните служби во Австрија кои потврдиле дека превозникот не поседува дозвола од тамошните органи, цариниците за сите сознанија ја информирале полицијата.

Со вештачење е утврдено дека запленетата марихуана имала удел на ТХЦ поголем од дозволените 0,3 отсто, со што се докажува дека станува збор за билка која се наоѓа на списокот на психоактивни контролирани супстанци.

Камионот со бројните садници марихуана е запленет, додека српското МВР против возачот поднело кривична пријава.

Фото: Царинска управа на Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот