Уапсен тетовец, уценувал жена од Пирок со компромитирачки фотографии

EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Полициски службеници од СВР Тетово вчера околу 13.30 часот го лишија од слобода А.И.(32) од с.Пирок, тетовско, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „уцена“, казниво по член 259 од Кривичниот законик.

Имено, според пријавеното претходниот ден околу 21 часот, од страна на триесет и двегодишна жителка на тетовско село, приведениот ја уценувал преку социјалната мрежа „Фејсбук“ дека ако не му даде пари ќе објави компромитирачки фотографии.

А.И. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот