Уапсен стружанец кој за време на полициски час опожарил две возила

Фото: Илустрација

Во село Делогожда, струшко вчера од полициски службеници од Полициска станица Струга, за време на забраната за движење, бил лишен од слобода Д.Ж.(48), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.

-На 25.04.2020, во периодот од 23.30 до 23.55 часот, Д.Ж. предизвикал пожар на две патнички возила паркирани во дворот на Полициска канцеларија Делогожда. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Струга- наведува МВР.

По целосно документирање на случајот, против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот