13 C
Скопје

Уапсен струмичанец кој превезувал 34 мигранти, а при бегството се забил во ограда

На регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во населеното место Ајдучка чешма во Куманово, синоќа во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово дале знак за запирање на товарно моторно „ивеко“ со  скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило да се движи, по што удрило во ограда на една од куќите и возачот го напуштил местото. Набргу потоа возачот М.Р.(28) од с.Баница, струмичко, бил пронајден и лишен од слобода.

При преглед во возилото биле пронајдени 34 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш, кои биле спроведени во Транзитен центар Табановце.

По целосно расчистување и документирање на случајот против М.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести

Во Клиничкиот центар починал повреден работник, телото е предадено на обдукција

Слободен печат

Трагедија во Неготино, се превртел со трактор и починал

Слободен печат

Извлечен човечки труп од реката Вардар

МИА Агенција

ОЈО поведе постапка против три лица за трговија со дрога​

Заев очекува Косово да го испочитува меѓународното право и да го екстрадира Африм Исмаиловиќ

Слободен печат

Ранет и претепан жител на гостиварското село Сенокос

Остави Коментар