Уапсен српски државјанин баран преку Интерпол

Аеродром СкопјеФото: Слободен печат/Драган Митрески

Рано утрово во 01.40 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром-Скопје“, од полициски службеници е лишен од слобода Б.Н.(30) од Р.Србија, соопшти МВР.

Лицето по извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека се наоѓа во службената евиденција со мерка „апси“, по барање на Интерпол.

Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот