Уапсен сопственик на угостителски објект во Дебар за непочитување на мерките против ковид-19

фото Архива

Полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи и Полициска станица Дебар, вчера во времето од 22 до 24 часот извршиле контроли во угостителски објекти во Дебар.  

Контролите, како што изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид, биле извршени во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат од Струга.  

-При контролата е констатирано дека во угостителски објект лоциран на улица „8-ми септември”, сопственост на К.Р.(23) од Дебар, не биле почитувани одлуките за превентивни препораки, времени мерки и протоколи за постапување и заштита на населението од заразната болест Ковид-19. Сопственикот е лишен од слобода, а објектот е затворен со пломба, додаде Димоски.  

Според него за случајот е запознат Јавен обвинител од ОЈО Дебар и по неговото документирање ќе биде поднесена кривична пријава, по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.  

Димоски исто така информираше во врска со почитувањето на мерката за носење заштитна маска на лицето. Во последните четири дена, вел тој,  нема констатирано прекршок од овој вид, додека во овој месец издадени се 41 прекршочен платен налог за неносење маска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот