Уапсен скопјанец кој со пиштол пукал кон кучиња во парк во Аеродром – Слободен печат
Хроника

Уапсен скопјанец кој со пиштол пукал кон кучиња во парк во Аеродром

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска, во раните утрински часови во полициската станица Аеродром било пријавено пукање кон кучиња во парк на булеварот „Видое Смилевски Бато“.

Како што информираат од МВР, во врска со настанот е уапсен 69-годишен скопјанец, за кој откако излеге на терен, полицајците констатирале дека пукал кон кучиња со пиштол „црвена застава“.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close