Уапсен скопјанец кој превезувал мигранти

Лисици
Апсење / Фото: МИА

Полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор Михајлово, денеска кај клучка Неготино го лишиле од слобода Н.З.(44) од Скопје, кој управувал моторно возило „ауди”, со скопски регистарски ознаки, бидејќи превезувал десет мигранти од Авганистан и Пакистан.

Притоа, како што информираат од МВР, тој физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства.

За случајот е известен јавниот обвинител, а Н.З. е приведен во Полициска станица Неготино. По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот