Уапсен скопјанец баран за изнуда

Сега уапсениот барал 10.000 евра од жена од тетовското село Селце на која и се заканувал по нејзиниот живот.

Тетовската полиција вчера го уапси 34-годишниот И.Р. од Скопје по кого имало потерница за издржување затворска казна за дело од 2011 година, а во меѓувреме за него имало уште една пријава. Тој од жена од тетовското село Селце се обидел да изнуди 10.000 евра.

Вчера околу 19.20 часот, во угостителски објект на влезот во Тетово е уапсен И.Р. по кого била распишана потерница за доиздржување на затворска казна. Тој со група од неколку лица во 2011 година извршил разбојничка кражба во позната тетовска златарница во центарот на Тетово. Вчера пак, во 14 часот А.К.(34) од тетовско Селце, која со И.Р. се запознала преку социјални мрежи, го пријавила за изнуда, зашто и се заканувал по нејзиниот живот и и барал 10.000 евра, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

По приведувањето И.Р. им бил предаден на службите од кaзнено-поправната установа „Идризово” во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот