Уапсен скопјанец кој возел мигранти од Куба

Мигранти / Фото: EPA/Bienvenido Velasco

На влезот во Гевгелија вчеравечер бил уапсен жител на Скопје во чиј автомобил биле пронајдени тројца мигранти од Куба, соопшти МВР.

„На 22.09.2021 во 21.05 часот на влез во Гевгелија, од полициски службеници од Полициската станица Гевгелија лишени од слобода се Д.П.(43) од Скопје, кој управувал патничко моторно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, во кое при контрола биле пронајдени Т.К.П.Л.(28), В.К.Г.Ј.(23) и С.П.К.Ј.(20), сите од Куба, кои илегално влегле од државата. Сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот