Уапсен штипјанец во Демир Хисар, ограбил десетина цркви на подрачјето на Битола, Демир Хисар, Прилеп и Крушево

По преземени мерки и активности, на 29.12.2022 во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Т.Б(52) од Штип.

Тој се сомничи дека извршил 12 кривични дела „тешка кражба” во цркви на подрачјето на Битола, Демир Хисар, Прилеп и Крушево.

Тој бил задржан во полициска станица и во службен разговор ги признал делата.

Против него, до ОЈО Битола е поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот