Уапсен шеф на нарко мафија што годишно заработувал над 70 милијарди долари

Холандската полиција објави дека е уапсен наводниот водач на азиската нарко-криминална организација, Це Чи Лоп, кој важи за еден од најбараните бегалци кого го споредуваат со мексиканскиот нарко-шеф Ел Чап Гузман.

Че Чи Лоп е канадски државјанин роден во Кина. Уапсен е по потерница на австралиската полиција, која спроведува истрага при што е утврдено дека организацијата со која раководел остварува годишен приход од трговија со дрога во износ од 70 милијарди долари годишно, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на холандската полиција Томас Алинг изјави дека пред екстрадицијата, Це се очекува прво да се појави пред судија додавајќи дека осомничениот е приведен на аеродромот Шипхол во Амстердам без никакви тешкотии.

“Тој беше на списокот на најбарани бегалци, а неговото апсење е резултат на разузнавачка работа. Тој е човек од калибар на Ел Чапо, можеби дури и Пабло Ескобар”, објасни Алинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот