УАПСЕН Сали Бериша во Пеќ (ФОТО)

Полицијата за економски криминал го уапси судијата на Основниот суд во Пеќ, Косово, Сали Бериша, под сомнение дека сторил кривично дело Злоупотреба на службената должност, пренесува Топ Чанел.

Косовската полиција излезе со детали околу ова апсење кое се случило синоќа.

Дирекцијата за истражување на економски криминал и корупција, односно Регионалната единица за истражување на економски криминал и корупција во Приштина, добила информација од жртва, која отсликала злоупотреба на судските функции, активности што ја дискредитираат позицијата и имиџот на судијата и на судскиот систем.

Постојат сомнежи дека Бериша побарал директно четири илјади евра за да не дејствува во согласност со неговата службена задача во својство на судија.

За време на полициската операција, осомничениот примил сума од 2 илјади евра, за да ја заокружи договорената понуда која била 6 илјади евра.

При претрес во станот на осомничениот судија биле пронајдени и конфискувани едно оружје, шаржер и 10 куршуми, 10 илјади евра, дописи, пресуди и записници.

Осомничениот, по наредба на обвинителот, е однесен во притвор каде ќе биде 48 часа, пренесува Газета Експрес.

Топ Чанел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот