УАПСЕН ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ ПЕЈАЧ: Осомничен за 13 дела, меѓу кои и детска порнографија – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

УАПСЕН ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ ПЕЈАЧ: Осомничен за 13 дела, меѓу кои и детска порнографија

Тој е и еден од најпродаваните музичари во светот и неколкукратен добитник на музички награди.

Американскиот пејач Р. Кели е уапсен откако против него е поднесена кривична пријава за 13 дела, од кои најголемиот дел се од сексуална природа.

Неколку точки се однесуваат на детска порнографија и поттикнување на малолетници на сексуални односи. Неговиот адвокат го потврдил апсењето на 52-годишниот пејач.

Ова е негово второ апсење за слични дела.

Истовремено, тој е и еден од најпродаваните музичари во светот и неколкукратен добитник на музички награди. Но, неговото однесување секогаш било проблематично и неколкупати бил тужен и апсен за сексуални злодела.

Постоеја и наводи дека во 1994 година нелегално се оженил со сега починатата пејачка Алаја, која тогаш имала 15 години. Но, ниту тој, ниту таа никогаш не ги потврдиле овие наводи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close