Уапсен припадник на ИД во Албанија кој бил баран со меѓународна потерница

Фото: Архива

Во Албанија е упасен 24-годишен Таџикистанец, припадник на терористичката организација ИД, баран со меѓународна потерница.

Според полициското соопштение, припадниците на секторот за борба против тероризам, го уапсиле К.З. против кого на 21 април годинава германските власти распишале меѓународна потерница.

„Припадниците на секторот за борба против тероризам во соработка со Интерпол Тирана, успешно ја финализираа акцијата „посетител”. Во рамки на акцијата беше идентификувано и уапсено лицето К.З.(24) од Таџекистан, припадник на ИД,барано со меѓународна потерница издадена од германските власти, стои во соопштението.

Се додава дека германскиот суд го товари за учество во странска терористичка организација и за формирање терористичка ќелија во Германија за извршување џихад во име на ИД.

Предметот е предаден на Обвинителството во Основниот суд во Тирана со цел понатамошна законска процедура за негова екстрадиција во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот